Османи за дојавите за бомби: Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација
Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација и сме внимателни кон намерата на овие хибридни закани. Останува МВР да контактира со партнерските служби во регионот, изјави денеска на редовниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имајќи предвид дека и во друга членка на НАТО има дојави за бомби Црна Гора, дека ова можеби не е некоја игра на тинејџери, побарана е помош од НАТО.
Османи појасни дека НАТО дава поддршка за дијагностицирање на проблемот, нема мисија која би барала форензика.
Повиците од Германија до своите државјани да бидат внимателни во Македонија поради дојавите за бомби, според него, се легитимни. Вчера имавме дојави за бомби во хотел, и ние ќе постапевме исто, вели министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…