Османи за можниот референдум: Прашањето ќе биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него?
Министерот за надворешни работи Бујар Османи не гледа причина за референдум во врска со преговарачката рамкa.
„Освен референдумското прашање не биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било ‘Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ?“. Друга причина за референдум навистина не гледам“,кажа Османи.
Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи кажа дека тоа го дефинира Уставот и законите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…