Османи итно повикан во Украина – Што се случува?
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба, ги повика шефовите на дипломатиите на Шведска Ан Линде, на Полска Збигњев Рау, и наМакедонија Бујар Османи, итно да ја посетат Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување на ОБСЕ.
„Ја поканувам тројката на ОБСЕ, Ан Линде, Збигњев Рау и Бујар Османи, да оствари итна посета на Украина за утврдување на фактите во рамките на механизмот за рано предупредување, активиран од страна на генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмид, минатата недела“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.
Инаку, тројката на ОБСЕ ја сочинуваат актуелниот претседавач (Полска – 2022), претходниот (Шведска – 2021) и идниот (Република Македонија – 2023)
Извор: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над…
Русија изврши над 300 напади со дронови…
Белата куќа најави нова помош за Украина
САД очекуваат да објават нова безбедносна помош…
Групата за одбрана на Украина ќе се…
Следниот самит на групата за одбрана на…
Украинската армија изврши ракетен напад врз селото…
Украинските сили денеска извршија ракетен напад врз…
Зеленски реагираше на потегот на Русија: „Еден…
Кога на Путин му беше доделено руското…