Османи: Како што јас го штитам македонскиот јазик, политичарите од македонскиот блок треба да го бранат албанскиот јазик во Уставот

t

„Јас не сметам дека ова треба да биде албанска етничка агенда, треба сите политички партии да седнеме и да ги разгледаме овие прашања. Не сум наишол на отпор од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ за промената на „20 проценти”, тогаш зошто ова да се претвори во трка или анимозитет помеѓу политичките партии на македонскиот блок“, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, осврнувајќи се на барањето на албанскиот блок да се избрише од Уставот формулациајта „јазик што го зборуваат над 20 проценти” и да пишува само „албански јазик“.

Тој на прес-конференцијата во Скопје по средбата со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, одговарајќи на новинарско прашање во врска со барањето на албанскиот блок, рече дека колку што албанските партии имаат интерес од промената на овој начин на формулирање на „20 проценти”, толку имаат и македонските, бидејќи, како што оцени, ова „довело до демографска трка“ во минатото.

– Како што јас го штитам и го бранам македонскиот јазик, политичарите од македонскиот блок треба да го бранат албанскиот јазик во Уставот, истакна министерот за надворешни работи.

Османи запраша зошто таа тема да се претвори во етничка агенда и да се стави во контекст на Европската Унија. Наведе дека никој не смее да го условува интегрирањето во ЕУ, со какво било договарање и додаде дека интересот на албанските политички партии не може да биде во противречност со евроинтеграциите.

– Грешка е кој и да е да го условува европскиот пат со какво било друго барање. Интересот на албанските партии не може да биде во противречност со интересот на интегрирањето во ЕУ и тоа претставува и стратешка грешка и многу штетна доколку кој било би се обидел да го условува европското интегрирање со какво било друго прашање, било и да е и на етничка основа, рече Османи.

Тој вели дека не е добра пораката што би и ја испратиле на Европа и на меѓународните партнери со овој начин на постапување, порачувајќи им дека европското интегрирање е противречно со интересите, било да се етнички, затоа што тоа е е погрешна порака и стратешка грешка.

Според Османи, ова прашање треба да биде рефлексија на политичката зрелост на општеството, односно дека дошло време за овие прашања од 2001 година, во нормален процес, со политика зрелост да се направи исправка.

– Доколку е вака, зошто сега да се занимаваме со ова прашање, да го претставиме ова како етничка агенда, дека некој сака да направи концесија кон нас и врз нас. Ние не бараме концесија од никого, но сметаме дека редно време е ова да се уреди и да се реши како прашање, бидејќи во тоа време можеби јавноста не била сензибилизирана, но сега ситуацијата е промената, луѓето веќе сфатиле дека ваков вид на отпор од страна на македонската заедница во тоа време бил беспотребен, бидејќи со тоа само се предзвикала демографска трка и треба да биде случај и предлог на политичките партии на Македонците, рече Османи, а пренесе “Слободен печат”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…