Османи, Ковачевски и Пендаровски на состанок ќе се договараат дали Димовски ќе биде амбасадор
Османи, Ковачевски и Пендаровски на состанок ќе се договараат дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, ќе биде назначен за амбасадор.
На прашањето на денешниот брифинг со новинарите, кога се очекува да почнат консултациите за испраќање на Димовски за амбасадор, со оглед на критиките на странските партнери поради скандалот „Онишченко“, Османи вели дека формална одлука не е донесена, меѓутоа мислењето на НАТО сојузниците е важно.
-Ние комуницираме за тоа прашање со претседателот и со премиерот, меѓутоа не сме седнати на формални консултации за да донесеме одлука што понатаму. Се разбира дека мислењето на нашите НАТО сојузници е важно. Јас минатата година побарав сите амбасадори и тие што се во НАТО земји и во ЕУ земји, да добијат, освен наш државен сертификат, да добијат и НАТО сертификат, бидејќи е многу важно да знаеме кој е ставот на сојузниците. Во сојузот тоа е една мрежа во која информациите се обострани. Така да нема ништо спорно во тоа дали некој НАТО сојузник ви даде совет или мислење, бидејќи гледам дека тоа во јавноста се обидува да се прикаже за тоа дали имаат право странски амбасадори да влијаат на нашата одлука, не, ние сме внатре во еден сојуз во којшто разменуваме ставови и ние кажуваме мислење за луѓе во сојузнички држави доколку имаме информации, рече Османи.
Тој истакна дека за конкретниот случај треба да седнат на состанок со премиерот и со претседателот и да пресечат што понатаму.
-Нема конечна одлука, еве и Парламентот може да ја искористи можноста за сослушување, но и ние ќе донесеме одлука. Јас имам оформено свој личен став и како министер, но мислам поконкретно тој став да го комуницирам на состанокот со претседателот и со премиерот и веднаш после тоа и на јавноста, кажа Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено…
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ: Ако го…
ИЗГУБЕН Е ВИКТОР ВО СКОПЈЕ, ВЕ МОЛАМ…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…