Османи: Косово е подготвено за партнерство со новата американска администрација
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска оствари средба со вршителот на должноста на амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово, Ану Пратипати.
„За време на средбата, претседателот Османи и Пратипати разговараа за последните случувања во земјата, вклучително и посветеноста на косовските институции за одржување на стабилноста и унапредување на демократските реформи“, се вели во соопштението на Претседателството.
Исто така, како што соопшти Претседателството, „на средбата се разговарало и за учеството на претседателската делегација на Косово во инаугуративните активности на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп“.
Во оваа прилика, претседателката Османи потврди дека „Косово е ангажирано и подготвено да продолжи со продлабочување на партнерството со новата американска администрација, засновано на заеднички вредности и стратешки интереси“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…