Османи – Лудва: Чешка е наш сојузник во намерите како ОБСЕ претседавач за зачувување на мирот и стабилноста
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со амбасадорот на Чешка во Скопје, г. Јарослав Лудва.
Потенцирајќи ги одличните билатерални односи меѓу Македонија и Чешка, министерот Османи нагласи дека претстојната посета на неговиот чешки колега Јан Липавски на нашата земја е потврда за традиционалното пријателство и широка секторска соработка.
Соговoрниците се согласија дека двете држави остваруваат значајно партнерство во рамки на ООН, НАТО и ОБСЕ, а Чешка останува еден од најгласните поддржувачи на нашата земја во однос на политиката на проширувањето на ЕУ.
На средбата се разговараше и за актуелното претседателство на нашата земја со ОБСЕ и безбедносните и економските предизвици со кои земјите се соочуваат по руската воена агресија на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…