Османи: Македонија го надмина прагот од 2% од БДП за одбрана
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, во Прага.
Во фокусот на состанокот беа актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина. Министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.
Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.
“Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика”, нагласи Османи, објави МНР.
Воедно, Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија. Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата земјава веќе го надмина долниот праг од 2% од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…