Османи: Македонија е против враќање на српските сили во Косово

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, изјави дека земјата е против можното враќање на српската војска на Косово.

Османи рече дека Скопје со загриженост ги следи последните настани на северот на Косово и Метохија и оцени дека интензивирањето на медијацијата преку конкретни идеи е добра можност што треба да ја искористат двете страни, наведувајќи дека зборува за европско посредување преку француско-германскиот предлог, пишува приштинскиот портал „Репортери“, цитиран од „Танјуг“.

Османи рече дека Македонија ја поддржува Приштина во нејзините акции за, како што рече, „да го спроведе законот на целата територија“.

Тој изјави и дека Скопје го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и оти според него треба што поскоро да се дојде до сеопфатно решение засновано на взаемно признавање.

Османи смета дека оваа година Косово треба да се приклучи на Јадранската повелба, чие претседавање годинава го презема Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На изборите во Косово право на глас…

Централната изборна комисија на Косово денеска го…

Малолетник украл 9.000 евра од баба му…

Малолетник од село Лебуша во општина Дечане,…

ИМ СТАВАЛЕ ШАЈКИ ПОД НОКТИТЕ И ГИ…

На денешен ден пред 82 година во…

За два дена на Косово се регистрирани…

Во првите 48 часа од 2025 година…

Мицкоски: Жестоко ќе реагираме ако повторно има…

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека преку Државниот…