Османи: Мајката на Пендиков е многу навредена што јавноста го нарекува нејзиниот син дилер
Јас разговарав со мајката на оштетениот, која што беше многу навредена заради тоа што медиуми и јавноста го квалификуваа синот со квалификации од типот на наркоман и дилер. Сепак се работи за државјанин на Македонија кој може да има поинакво размислување од нас, но тоа не значи дека имаме право да даваме јавни квалификации, навредување, да спориме некое размислување по однос на тоа како се чувствува или да пристапиме кон насилство, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи за тепањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков.
Османи истакна дека како министер има улога да не дозволи случаи кои што се во надлежност на други институции, да добијат карактер на влошени меѓудржавни односи со Бугарија.
-Емоциите се асиметрични кај секој од нас и се субјективни. Јас сум министер одговорен за иднината на државата и граѓаните, а тоа не се решава со емоции, туку со рационална и паметна политика која гледа долгорочно напред, кажа Османи во емисијата „Студио 10“.
Министерот откри за што разговарал со Пендиков во болницата во Софија.
-Ми кажа дека се чувствува исплашен како ќе се врати во Скопје бидејќи постојано добивал закани по социјалните мрежи. Тој е наш државјанин. Државата мора да создаде атмосфера на нула толеранција за говор на омраза бидејќи тоа ќе нема крај, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…
Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…
Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…