Османи: Нашиот став ќе го кажеме кога ќе имаме сигнал од француското претседателство

t

Кога ќе имаме сигнал од француското претседателство дека има координиран предлог, ќе го кажеме нашиот став, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес во Охрид на стартот на конференцијата Преспа форум дијалог.

-Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме, истакна Османи.

Според Османи, не е охрабрувачка политичката сцена во Бугарија, но, вели, ние го следиме патот што го трасира француското претседателство.

– Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки, рече Османи.

На новинарско прашање зошто на Форумот нема претставник од Бугарија, тој рече дека е разбирливо што нема учесник од Софија поради нивната сложена внатрешна политичка ситуација.

– Во оваа фаза треба да се утврди дали има политичка волја да се најде решение. Ако тоа го дефинираме во овие денови, ќе продолжиме таму каде што застанавме. Викендов остваривме напредок во разговорите, сметам дека во последните денови француското претседателств треба да го преземе кормилото и да ни каже дали има простор за некаков посуштински ангажман и дали ќе одат на нареден чекор, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…