Османи најави санкции за Косово?! Државата да ја напушти логиката што носи санкции
Министерот за надворешни работи на Македонија и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, изрази вознемиреност од настаните на северот на Косово и повика да се напушти логиката што носи санкции, додавајќи дека таквиот пристап го кочи напредокот.
Османи во интервју за “Национале” изјави дека планот за деескалација на северот кој неодамна го претстави е израз на добра волја.
Како што наведе, планот што го презентираше косовскиот премиер Албин Курти го одразува ставот на косовската влада.
Во продолжение интербјуто на Османи:
-Пред неколку дена, на Приштина и на Белград им испративте план за смирување на ситуацијата на северот на Косово. Дали добивте одговор од партиите?
Нашиот план беше израз на добра волја и во согласност со повеќекратната одговорност што ние како ОБСЕ ја имаме кон балканскиот регион, но и како соседи кои го сакаат доброто, напредокот и стабилноста на овој регион. Нашиот план беше виден со внимание и сочувство од страна на носителите на одлуки и многу земји-учеснички во организацијата. Планот беше испратен до нашата мисија во Приштина со јасни инструкции да започне комуникација со косовските власти.
-Што ве поттикна да смислите таков план. Дали тоа го направивте во својство на претседавач со ОБСЕ или како министер за надворешни работи на соседна земја?
Нашите мотиви и одговорности беа повеќекратни. Прво, ОБСЕ има мисии во регионот и традиција на обезбедување помош и соработка за стабилност, мир и демократија. Но, ние сме и соседи кои сакаме да придонесеме за надминување на проблемите со сите можни средства и да понудиме пријателска помош врз основа на нашето искуство за време на успешна транзиција и надминување на недоразбирањата во градењето траен мир во земјата и со соседот. Исто така, јас припаѓам на земја која е дел од НАТО и која цели кон ЕУ и се однесува одговорно и компетентно.
-Во вашиот предлог се споменува и можност за одржување нови избори на северот. Се споменува подготвеноста на ОБСЕ да се справи со овој процес. Дали се работи за мониторинг на изборниот процес или за организација на овие избори од страна на ОБСЕ?
Мандатот на ОБСЕ е да го поддржи изборниот процес. Поддршката не значи организација. ОБСЕ до сега им помагаше на изборните тела на Косово главно со техничка поддршка и советување, а тоа во никој случај не значи мешање во авторитетот на изборните тела на Косово.
-Премиерот Курти претстави план од пет точки за деескалација на ситуацијата на северот. Дали овој план е во согласност со планот што го испративте до партиите?
Можам да зборувам за нашиот план. Планот на Курти ги одразува сегашните ставови на владата што тој ја предводи. Можеби има сличности.. Но, сметаме дека планот за да биде успешен мора да биде координиран и прифатен од сите за да се постигне посакуваниот резултат кој носи стабилност и легитимитет.
-Како министер за надворешни работи на соседна земја, каква е вашата порака до Владата на Косово во врска со ситуацијата на северот?
Сите ние треба да бидеме внимателни на глобалниот момент низ кој поминуваме. Истовремено, не треба да ги заборавиме нашите регионални амбиции да бидеме дел од евроатлантското семејство. Стабилноста и демократијата се заеднички цели кои мораме да ги следиме со одговорност.
-Досега видовме остри критики на западните сојузници кон Косово. Косово дури се соочи со некои санкции од САД. Какви последици може да донесе на Косово ова неусогласување на барањата на САД и ЕУ?
Не сакам ни да помислам дека би можеле да бидеме во таква ситуација во регионот што личи на чекор наназад. Треба да бидеме горди на сите наши заеднички напори да го трансформираме регионот од потрошувач на безбедност во придонесувач. Од монизам до плурализам и да се биде кредибилен партнер во евроатлантското семејство. По секоја цена мораме да се оттргнеме од однесувањето и логиката кои носат санкции, кои не уназадуваат и ни го отежнуваат одењето напред. Како и секогаш во историјата, моментите се исто толку важни колку и избраниот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено оружје користено при нападот во Бањска…
Косовската полиција објави дека денеска во Бањска…
Османи распиша парламентарни избори во Косово
Косовската претседателка Вјоса Османи најави редовни парламентарни…
Османи: Изјавите на портпаролот на Европската Унија…
Косовската претседателка смета дека евентуалните разговори со…
Ветеран на ОВК: Блерим Рамадани е овде…
Откако поранешниот припадник на ОВК, Бљерим Рамадани,…
Османи бара отворање на мостот на Ибар:…
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска изјави дека…