Османи на средба со украинскиот министер за надворешни: Средбата се случува на границата со Полска
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе се сретне со својот украински колега. Османи ќе отпатува на полско украинската граница во својство на претседавач со ОБСЕ, заедно со уште двајцата копретседавачи, министрите за надворешни работи на Полска и Шведска. Од МНР информираат дека целта на посетата е поддршка на теритеријалниот интегритет и суверенитет на Украина, а ќе се разгледаат и можностите за искористување на механизмите и алатките на ОБСЕ за ублажување на последиците од војната.
По средбата, министрите ќе го посетат и прифатниот центар за бегалци во близина на граничниот премин Корчова.
Во Киев утрово со воз пристигнаа претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Џозеф Борел. Тие ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во меѓувреме продолжуваат немирите во Украина. Гранатирана е железничка станица во Краматорск, каде се евакуираа бегалци. Има триесетина жртви и над стотина повредени.
Продолжува гранатирањето и на Одеса, а руски воени извори велат дека е уништен центарот за обука на странските платеници во Украина.
Десет хуманитарни коридори се отвараат за евакуација на населението од Мариупол, кој е под опсада.
Инаку, синоќа Генералното Собрание на Обединетите Нации донесе одлука да ја исклучи Русија од Советот за човекови права поради инвазијата во Украина. За предлогот гласаа 93 од вкупно 193 членки, меѓу кои и Македонија. Против беше Кина и уште 23 други земји, а воздржани 58. Русија ги предупреди членките дека гласањето за или воздржано, Москва ќе го смета за непријателски гест со последици за билатералните врски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…