Османи на 22-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор: Да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата

t

Рамковниот договор е еден од ретките мировни договори кои создадоа функционален и долгорочен модел за промоција на современите вредности, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи по повод 22 години од потпишувањето на договорот.

-22 години од Охридскиот рамковен договор

Еден од ретките мировни договори кои создадоа функционален и долгорочен модел за промоција на современите вредности: мир, стабилност и просперитет; почитување на колективните права, еднаквост и промоција на соживотот; слобода, демократија и почит кон индивидуалните права.

Охридскиот рамковен договор претставува и важна историска пресвртница, вткаен и во Уставот на Македонија.

Дијалогот, политиките на компромис, културата на политички дијалог претставуваат непроценливи вредности во создавањето напредни и обединети општества.

Тоа е важно и денес кога повторно се наоѓаме на нова пресвртница, да ѝ обезбедиме европска иднина на нашата земја.

Ќе го искористам и овој датум да ги повикувам сите наши граѓани, без разлика на етничката или политичката припадност, да ја препознаат важноста на овој момент. Да ги оставиме настрана партиските интереси или политичките разлики и да се обединиме. Граѓаните го очекуваат тоа од нас, да најдеме начин и да им обезбедиме европска иднина, подобро општество и напредок, напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…