Османи: Нелегални структури поддржани од Белград оркестрираат инциденти за да го заплашат локалното српско население
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека инцидентите на северот на Косово се оркестрирани од „нелегални структури поддржани од Белград“, кои имаат за цел да го заплашат и да го загрозат локалното српско население.
Во последните неколку дена на северот на Косово беше пријавено палење на некои автомобили на српски сопственици, кои биле регистрирани со регистарски таблички РКС – Република Косово.
„Косово ќе продолжи да биде целосно координирано со меѓународните сојузници, да ги продолжи напорите за траен мир, безбедност и стабилност, додека е посветено на спроведувањето на законот и редот на целата територија на републиката“, рече таа.
Овие изјави Османи ги даде на средба со специјалните пратеници на Германија и Австрија за Западен Балкан, Мануел Саразин и Јоханес Ајнер.
Како што соопшти Претседателството, на средбата страните разговарале и за договорот постигнат меѓу Косово и Србија за Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, на 27 февруари во Брисел, како и за анексот за имплементација на Договорот , на 18 март во Охрид.
Главните преговарачи на Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, се сретнаа во Брисел на 4 април за да разговараат за резултатите од овие средби и за патот напред.
На северната страна има тензии поврзани со одлуката на Владата на Косово да ги пререгистрира сите автомобили со нелегални српски регистарски таблички во РКС.
Во знак на незадоволство од ваквата одлука, но и поради апсењето на поранешен полицаец од косовски Срби, локалните Срби подигнаа барикади.
Тогаш Косово и Србија со посредство на Европската Унија постигнаа договор за регистарските таблички.
Косово се откажа од казнените мерки, доколку автомобилите не се пререгистрираат, додека Србија соопшти дека повеќе нема да издава нови регистарски таблички за автомобилите што циркулираат во Косово.
Министерството за внатрешни работи на Косово не посочи колку автомобили со такви регистарски таблички се пререгистрирани во РКС.
Се проценува дека на северот на Косово има околу 10.000 автомобили со регистарски таблички издадени од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…