Османи: Нема непотизам во вработувањето на Ејупи и сопругата на пратеникот Костовски
По скандалот со вработувањето на ТВ презентерката Бесмира Ејупи во МНР и обвинувањата за непотизам во ова министерство од страна на ВМРО-ДПМНЕ кое откри дека таму се вработила и сопругата на пратеникот Мартин Костовски, министерот Бујар Османи појаснува за последните случувања во неговиот ресор.
-Нема ништо незаконито во вработувањето. Министерството има недостиг на кадар кој ќе се посвети на тешката работа во дипломатија. Нововработените започнуваат со минимална плата и треба години за да напредуваат во кариерата. Тоа е тешка професија, тие се некој вид номади кои цел живот го поминуваат на различни места. Госпоѓата Костовска е преземена од Куманово и сега е на пониска позиција одошто била претходно, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во Студио 10 на ТВ 24.
Османи објаснува дека Ивана Костовска е на постдипломски студии по меѓународна политика во Прага и во нејзиниот случај не станува збор за трговија со влијание.
Во моментов во МНР има оглас за вработување на 16 нови луѓе, а оваа професија бара време за напредување и со оглед дека и критериумите се тешки па нема голем интерес за вработување во Министерството, додава тој.
Министерот Османи појаснува и за случајот со ТВ презентерката Бесмира Ејупи која извесен период од различни државни институции земала хонорари од 12 илјади евра, а се вработи во МНР откако претходно се зборуваше дека се подготвува за конзул.
– МНР има потреба од 50 вработувања но сега Министерството за финансии одобри 16. Секој млад човек кој знае јазици и сака да се посвети да конкурира. Ејупи е преземена од Министерството за политички систем, како што по закон се преземаат и други службеници, вели Османи за Студио 10.
Според министерот Ејупи знаела јазици и имала безбедносен сертификат од највисок ранг како член на службата на протокол во претходното министерство.
За нејзините хонорари за кои се води и истрага, Османи додава дека треба да се праша и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи Ејупи била ангажирана и од нивни градоначалник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…
„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…