Османи не открива имиња но не негира: Шест кандидати за амбасадори поминале на владина седница – Теута е една од нив?
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на новинарско прашање во врска со изборот на кандидати за амбасадори, наведе дека се избрани шест кандидати, но оти законски се уште не може да зборува за кои лица станува збор.
– Нема да можам да спомнам конкретни имиња. Тоа што можам да го кажам е дека е вистина оти шест кандидати за амбасадори се одобрени од страна на Владата на последниот состанок. Ќе чекаме одобрување од земјите, а потоа ќе можеме да ги коментираме нивните имиња. Според Законот, јас не смеам да ги спомнам тие имиња, рече Османи.
Повикувајќи се на извори од Владата медиумите пред неколку дена објавија дека поминале предлозите за Зоран Попов, актуелниот државен секретар во МНР, да биде испратен во Вашингтон, Теута Арифи, е предложена за амбасадор во ЕУ, во Брисел, а актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, за амбасадор во Париз.На списокот се и Мето Белески, кариерен дипломат, кој е предложен за амбасадор во Белгија, Реџеп Демири, сегашниот генерален конзул во Минхен е предлогот за амбасадор во Швајцарија.Од ДУИ доаѓа и предлогот за Дритон Кучи за амбасадор во Осло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…
Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Османи: Европската агенда на Македонија мора да…
Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…
Либија ги протерува амбасадорите на САД, Британија,…
Либијскиот парламент гласаше за да се протераат…