Османи: Никој не може да ни наметне промена на учебници

t

Многу се шпекулира со овие прашања. Бидејќи е комплексна материја на луѓето им се сервира на лажица, тоа што сакаат да се наметне како наратив. Кај португалскиот и германскиот предлог, во рамката имаше параграф 5 кој што вели прогресот на земјата ќе се мери во однос на опипливи резултати во имплементација на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија. Оваа формулација била во секоја имплементација.

Никој не реагираше дека го прифативме португалскиот предлог. Таму во заклучоците стоеше дека Македонија ќе направи патоказ за Историската комисија во која точно ќе каже кои институции во кој рок што ќе направат, информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи околу францускиот предлог.

Османи подвлече дека нашите учебници не може никој да ги смени.

-Никој не може да наметне на Историската комисија што, кога и како. Седум членови наши кои што носат единствена одлука. Еден член ако каже не, нема договор. Ако има препорака за некој настан или учебник, тоа треба да помине во МНР, па во Владата, па соодветното министерство, па автотот. Тоа се шест филтри. Тезите дека некој нас ќе ни наметне решение се лажни и се ставаат во партиско-политичка функција. Нема унилатерални изјави дека ние ќе дадеме книги на Бугарија, па таа ќе ни пишува. Тоа се лажни информации за да се вознемири јавноста, додаде министерот.

Османи е дециден дека нема бугаризација, нема наметнување и никој не може да смени наши книги и споменици.

-Тоа се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните. Интересот на граѓаните е сега да се придвижиме кон ЕУ и да ги зајакнеме демократските институции. Да го почнеме процесот, а во текот на преговорите ќе ги надминеме сите разлики, потенцира Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…