Османи од Брисел: Отпочнување на пристапните преговори на Македонија и Албанија е од круцијално значење за зачувување на регионалната безбедност

t

Западен Балкан е неизоставен дел од идната безбедносна структура во Европа. Затоа евроатлантската и европската интеграција на Западен Балкан е безбедносно прашање и алатка за зајакнување на стабилноста. Оттука упатуваме јасна порака за што поскоро отпочнување на пристапните преговори со Македонија и Албанија, што е од круцијално значење за зачувување на регионалната и европската безбедност, истакна шефот на дипломатијата Бујар Османи, кој учествуваше на состанокот на Северно-атлантскиот совет на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел.

Како што соопшти МНР, централна тема на сесиите беше актуелната безбедносна состојба предизвикана од руската воена инвазија во Украина, како и мерките и активностите што Алијансата ги презема за гарантирање на безбедноста на сите земји членки на НАТО.

Воедно, стана збор и за новиот Стратешки концепт, што треба да одговори на новата геополитичка реалност и да постави идна стратешка визија за Алијансата.

На посебна сесија на која учествуваа и министрите за надворешни работи од партнерските земји како и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел стана збор за односите на НАТО со партнерите и начинот за натамошно унапредување на соработката и поддршката од страна на Алијансата, а со цел зајакнување на нивната отпорност.

Османи и во оваа прилика најостро ја осуди руската агресија во Украина, особено грозоморните убиства на цивилното население и повика на итен прекин на огнот, при што ја реафирмира нашата солидарност со Украина. Воедно, ја нагласи неопходноста за натамошно зајакнување на присуството на НАТО во Западен Балкан , како регион подложен на зголемено влијание од страна на трети држави, стои во соопштението на МНР.

Во рамки на состаноците, министерот Османи оствари билатерални средби со своите колеги од Финска и Словачка.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…