Османи од Тетово: Улогата на жените во безбедносните процеси е клучна за демократските општества
Обезбедувањето на услови кои ќе гарантираат дека жените имаат значаен удел во одлучувањето, вклучително и во политичкиот и во безбедносниот сектор, е од исклучителна важност за стабилноста во регионот на ОБСЕ кој се соочува со најсложениот безбедносен предизвик како што е воената агресија на Русија врз Украина.
Токму затоа, Претседавањето на Македонија со ОБСЕ како еден од клучните приоритети ја постави родовата еднаквост во сите три димензии на ОБСЕ – безбедносната, економската и човековата.
Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Штуловиот Универзитетот во Тетово, на отворањето на Конференција за родова еднаквост и јакнење на положбата на жените, организирана во рамки на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година и прва конференција на ОБСЕ за родова еднаквост.
„Основањето на оваа институција во земјата даде можност да се зајакне еден од основните акцелератори за подобрување на улогата на жените и девојките – тоа е пристапот до високото образование, кое служи како основа за нивно поголемо вклучување во општествените и процесите за носење одлуки“, рече Османи.
Тој истакна дека ОБСЕ ќе ја продолжи својата теренска работа во насока на понатамошно унапредување на родовата еднаквост и зајакнувањето на положбата на жените со поддршка на земјите-учеснички и институциите на ОБСЕ, а дел од успешните иницијативи ќе бидат претставени и во рамки на Конференцијата.
„Како приоритети на нашата теренска работа, продолжуваме со поддршка за поголемо учество на жените во градењето на мирот и безбедноста преку нивно директно вклучување на преговарачката маса и во мировните процеси. Ќе се осврнеме на влијанието на корупцијата врз жените и како таа го попречува искористувањето на нивниот целосен потенцијал во општеството и економијата. Ќе бидат презентирани начини како да се зголеми политичкото учество на жените и да се надминат пречките со коишто жените се соочуваат при пристапот до процесите во кои се носат одлуки. Истовремено, ќе дискутираме какви активности се потребни за справување со структурната дискриминација и родовото насилство, вклучително и онлајн вознемирувањето“, рече Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…
Денес во Министерството за надворешни работи на…
Уште имаат храброст да се жалат! Косовско…
Министерството за надворешни работи и дијаспора на…
Жерновски повикан на консултации во МНР
Македонскиот амбасадор во Романија Андреј Жерновски денеска…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Министерот за дипломатија блокира броеви на новинари…
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, одбива…