Османи: Отворање нови дебати со Бугарија е ризично, уставните измени се единствена опција
Секој што се обидува да не ја почитува или да создава алтернативни варијанти на преговарачката рамка, влегува во ризичен терен, изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, по презентацијата на неговата програма за претстојните локални избори.
– Преговарачката рамка ги обезбеди двете најважни прашања во односите со Бугарија, а тоа се јазикот и посебноста на народот. Уставните измени се единствената гаранција за посебноста, јазикот е дефиниран во рамката. Секој што се обидува да отвори нови состојби со Бугарија, всушност работи за Република Бугарија – рече Османи.
Тој нагласи дека прашањата за ЕУ не смеат да бидат дел од дневнополитички пресметки и дека потребен е натпартиски консензус за стратешките цели.
– Хрватска имаше само 72 месеци преговори со ЕУ затоа што позицијата и опозицијата се договорија да не се натпреваруваат за таа тема. Кај нас, отворање дебата во предизборна кампања нема да помогне на процесот. Преговарачката рамка е најважниот документ што нè штити од нови барања, нема поважен документ – нагласи Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи: Отворање нови дебати со Бугарија е…
Секој што се обидува да не ја…
Костадинов: Србија е изложена на напади, признавањето…
Лидерот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов, изјави…
Жељазков со Трамп: Енергетиката и одбраната се…
Стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД е…
Али Ахмети: Ако Македонија не влезе во…
Али Ахмети од Тетово испрати порака до…
ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов со двојна предност…
Доколку изборите беа во септември, ГЕРБ-СДС ќе…