Османи: Политичките влијанија во Врховниот суд немаат врска со ДУИ
Политичкото влијание врз врховните судии нема врска со ДУИ, вели министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, одговарајќи на обвинувањата на албанската опозиција дека се врши политички притисок врз врховните судии.
-Не може да анатемирате еден народ претставувајќи го дека тој е само ДУИ. ДУИ е само политичка партија која ги отвори институциите за Албанците да влезат внатре, рече Османи, изразувајќи жалење што некои политички партии застапеноста на Албанците во обвинителството, во судовите, по клиники, по институции, во администрација ја посочуваат како партиско односно политичко дело, рече Османи.
За тврдењата на албанската опозиција дека во редовите на ДУИ постои стравување од евентуално враќање на поранешниот премиер Никола Груевски на домашната политичка сцена, тој рече дека тоа се внатрепартиски превирања во самата партија ВМРО-ДПМНЕ, а неговата партија нема никакви интереси од она што се случува кај поранешниот коалициски партнер.
– Тоа е внатрепартиска битка во ВМРО-ДПМНЕ, таму постои страв од враќање на Груевски. Зошто се возбудуваат малите албански партии за ВМРО…ДУИ е посилна е од било кога, ќе излезе на избори, ќе победи, бидејќи Албанците не наоѓаат друг комодитет освен кај ДУИ и Али Ахмети, кажа Османи.
По однос наводите на опозициските партии од албанскиот блок за откажување на ДУИ од напорите за изгласување на уставни измени, Османи дециден дека партијата ќе направи се што може за реализација на уставните промени.
– Без уставни промени нема зачленување во ЕУ, нема преговори со ЕУ, без преговори со ЕУ ние не можеме да функционираме како општество. Без овој извештај што денеска го објави ЕУ со дијагноза за сите слабости, нема да бидеме во можност да ги детектираме ниту да ги коригираме нашите слабости. Затоа до последен миг , до последниот здив, до последната можност, ние нема да престанеме да работиме за уставните промени. Но одговорноста не е само на ДУИ. Не може само ДУИ да има одговорност за евроатлантската иднина на земјава, треба одговорност да сносат и оние што го попречуваат тој пат, со сите последици од таквото однесување, рече шефот на македонската дипломатија.
-Најлошата теза што понекогаш ја користат и албанските политички партии е застапеноста на Албанците во институциите да се прикаже како партиска и политичка екстензија. Ова е најголемата грешка бидејќи доаѓа од стравот од еднаквоста, ништо друго. Ова е прва теза. Второ, ДУИ нема никаков интерес да биде вмешана во некаков притисок во врска со конкретниот случај за кој зборувавте и за поранешниот премиер Груевски. Ова е битка внатре партијата ВМРО-ДПМНЕ. Постои страв од враќање, поделба на партијата, слабеење на партијата, вели Бујар Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…
Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…
ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…
„ДУИ како државотворна партија е гарант за…
ДУИ за кривичната пријава против Бектеши: Го…
Откако поранешниот министер за економија Крешник Бектеши…
ДУИ предупредува: Се руши демократскиот поредок на…
По сериозните закани и насилни пораки упатени…
ДУИ КОНТРА ВЛЕН ЗА „АЛБАНСКА АКАДЕМИЈА“: Квази…
И ова се случи, во екот на…