Османи потврди: Има владина одлука за амбасадор во САД!
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи прашан дали има поврзаност стратешкиот дијалог со САД, со очекувањата за ново вето во однос на интеграциите во ЕУ, исткана дека поврзаност од таков конспиративен аспект нема.
Едноставно, како што рече, се созреаја условите, 15 години одлично стратешко партнерство меѓу двете држави, 30 години дипломатски односи, две години сојузници во НАТО, созреаја условите да се издигне на уште повисоко ниво.
Османи информира дека веќе има владина одлука за амбасадор на Македонија во САД и очекува потврда во брзо време. Најави дека околу седум амбасадори веќе чекаат за да поминат во собраниската Комисија за надворешна политика и тука, како што рече, веќе сме кон завршување можеби првпат на пополнување на целата дипломатска мрежа.
Целта на стратешкиот дијалог со САД, одличната богата соработка, подвлече, е да се врами во една платформа во која секоја година точно ќе се прецизира што ни е важно оваа година и ќе се фокусираме на тие прашања.
Фактот што ние сме први од Западен Балкан кои почнуваат со стратешки дијалог, според Османи, е најголемото признание што САД го даваат прво на нашето партнерство, меѓутоа и на постигнувањата што ги имаме како држава и како општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…