Османи пресече: Формулацијата “македонски Бугари” е неприфатлива

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја отфрли можноста формулацијата „македонски Бугари“ да биде впишана во македонскиот Устав. Како што изјави тој денеска на прес-конференција, Бугарите во Уставот можат да бидат внесени единствено како дел од бугарскиот народ, и никако поинаку.
-Уставните измени се точно прецизирани во потпишаниот Протокол со Бугарија, како ќе изгледаат и каде ќе биде позицијата на Бугарите во Уставот – рече Османи.
Спорната формулација ја даде претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пред неколку дена изјави дека лично се залагал за впишување на „македонските Бугари“ во Уставот.
Во оваа насока министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска порача дека уставните измени се неопходни за влегување во последната фаза пред членство во Европската унија. Според него, ако го пропуштиме овој момент, можно е да мораме да ги направиме истите уставни измени по 10 или 15 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Конечно добри вести: Двајца од повредените кои…
Двајца од повредените во пожарот во кочанската…
Повеќе од 600 ЛУЃЕ во Бугарија дарувале…
Нема значителна промена во општата состојба на…