Османи: Русија ѝ помага на Србија за нападите на северот на Косово
Русија и помага на Србија за нападите на северот на Косово“, изјави денес косовската претседателка Вјоса Османи за Би-Би-Си.
Османи за Би-Би-Си изјави дека тензиите на северот на Косово ескалираат и дека Србија долго време е охрабрувана од Русија да се обиде да ја ескалира ситуацијата на Западен Балкан.
“Секогаш сме одговарале позитивно на повиците за дијалог. Никогаш не сме ја напуштиле масата за дијалог. Со потпишувањето на договорот за реципроцитет ги почитуваме сите точки од договорот потпишан во Брисел. Треба да има многу јасен однос кон Србија, кој е играчка во рацете на Русија и е земја која не одобри санкции. Србија всушност склучува договори за оружје и гас со Русија.
Во последната деценија кога Вучиќ ја водеше Србија, но особено во последните месеци продолжија да поддржуваат илегални структури на северот на Косово кои се состојат од криминални банди. Преку нив и со нивно манипулирање го држат српското малцинство кое живее на Косово како заложник на овие погрешни политики“, вели Османи за Би-Би-Си.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…
Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…