Османи: “Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести” – Дајте аргументи против решенијата на историската комисија

t

„Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог”, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба“, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето” на телевизија Канал 5.

Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена, дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не.

„Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно“, додаде шефот на дипломатијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се врати во Македонија првиот од 115…

Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…

ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…

Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…

„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…

Трагедијата која го погоди Кочани и целата…

Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…

Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…

(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…

Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…