Османи се правда: Кампањата „Тој Доаѓа“ на ДУИ не се однесува на избори

t

Министерот за надворешни работи и член на Претседателството на ДУИ Бујар Османи вели дека новата кампања на ДУИ насловена „Тој доаѓа“ не се однесува на избори и најавува дека наредните денови ќе се знае што точно значи оваа кампања.

Во изјава за Канал 5 телевизија, Османи вели дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека Владата е стабилна, а коалицијата има зголемено мнозинство.

– Избори ќе има редовни, некаде април – мај 2024 година. Ова кампања не се однесува на избори. Не се однесува на премиер Албанец, туку е сосема друга кампања којашто наредните денови веројатно ќе се открие, вели Османи.

Прашањето за изборите, според Османи, е тема која ќе стане актуелна следната година, а она на што сега треба да биде ставен фокусот се економската стабилизација, уставните измени и продолжувањето на европскиот пат на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…

Израел ја погоди иранската државна телевизија за…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…

Жена со бугарско потекло загина во Израел

Постара Израелка со бугарски корени загина во…

Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…

„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…