Османи тврди: Билатералните и историски прашања нема да бидат пречка за процесот со Бугарија да оди напред
Околу билатералните прашања нема да се дозволи да има посебно поглавје, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој во интервју за Телма рече и дека историските прашања нема да бидат критериум за придвижување на процесот, но и оти основа за решение на спорот со Софија останува португалскиот предлог.
„Мене ми е најважно да се утврди дали има политичка волја пред да пристапиме кон конкретни прашања, конкретните решенија и документи. Засега не гледаме политичка волја во Софија. Во моментот кога ќе видиме сигнал дека таму има политичка волја тогаш ќе влеземе и во тие разговори како понатаму во однос на конкретните предлози“, вели Османи.
Запрашан дали МНР ќе бара од Законодавниот дом да одлучи дали да се продолжи процесот, Османи рече дека рамките на македонската поизција ги исцртува веќе изгласаната Декларација во Собранието.
„Мислам дека Собранието има изгласано Декларација која ги исцртува рамките на нашата позиција. Доколку би се излегло од тие рамки се разбира дека би барале амин од Собранието. Сѐ додека сметаме дека сме во рамки на декларацијата, мислиме дека имаме мандат да продолжиме да разговараме“, изјави Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Радев го поддржа осудениот Ѓоргиевски и ги…
„Случајот против Љупчо Ѓоргиевски и антибугарските изјави…
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Драма на небото над Бугарија: Авион на…
Авион на „Луфтханза“ кој полетал од Франкфурт…