Османи: Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог

t

Прес-конференција на министерот за надворешни работи Бујар Османи во форма на отчет за активностите во првите две години од неговиот мандат.

Османи рече дека кога станал министер имал неколку приоритет, и тоа добрососедски односи, добри односи со САД, ЕУ, економска дипломатија итн. Како успех го наведе фактот дека во Бугарија е поништена Декларацијата која беше пречка за старт на преговори.

„Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог“, рече Османи.

Разбира дека за францускиот предлог мислењата се поделени, но смета дека времето ќе покаже дека донеле добра одлука. За Грција вели дека односите се продлабочени, отворени се два нови гранични премини, и Грција е земја поддржувач на Македонија. Османи наведе дека со Србија и Албанија односите се унапредени со „Отворен Балкан“, решен е спорот со црквата, а имаше и чествување на Илинден во манастирот Прохор Пчински. Со Косово се склучени многу билатерални договори. Oсмани дека и во однос на војната во Украина имавме усогласени ставови со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…

Османи: СДСМ и ДУИ ќе кандидираат заеднички…

„Како никогаш досега, општеството е поларизирано по…