Османи: Уставните измени не се ризик за државата – Опозициски пратеници немаат проблем со тоа
Министерот за надоврешни работи Бујар Османи смета дека опозицијата ѝ направи услуга на власта во врска со референдумот и уставните измени отворајќи дебата и во двете земји.
-Уставните измени не се ризик по државата туку е формализирање со Устав дека постојат две различни нации – македонска и бугарско малцинство кое живее во Македонија. До пред некоја година се зборуваше дека сме ист народ во две држави. Уставните измени со внесување на бугарското малцинство е во прилог на уважување на малцинските права што е една од европските вредности. Прашањето со референдумот што го покренуваат е сосема друго прашање, вели министерот Османи.
Османи вели дека во разговори со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ дознал дека и голем дел од нив немаат проблем со внесување на Бугарите во Уставот, но дека е потребно време тоа мислење да преовлада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…
Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…