Објавено на:

Османи ја повика Србија да престане со дестабилизација на Косово

t

Србија треба да престане со своите активности насочени кон дестабилизација на Косово за да се стави крај на насилството на северот од земјата, изјави во четвртокот косовската претседателка Вјоса Османи, пренесува „Ројтерс“.

„Предизвикот доаѓа од Србија, земја која сè уште треба да се помири со своето минато“, изјави Османи за „Ројтерс“ на маргините на европскиот самит во Молдавија.

„Ситуацијата е напната, но ние треба да се погрижиме да го вратиме владеењето на правото во Косово и да разбереме дека заканата доаѓа од негирањето на постоењето на Косово како суверена држава од страна на Србија“ додаде таа.

Османи рече дека Србија активно ги поддржува „нелегалните структури“ во Косово за да ја дестабилизира земјата одвнатре.

„Претседателот Вучиќ треба да престане да ги поддржува криминалните банди ако навистина сака мир“, рече таа. „Тој допрва треба да го покаже тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Руте: НАТО останува на Косово и во…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес…

Косово: Селекцијата на депортираните од САД ќе…

Привремената косовска влада објави дека изборот на…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…