Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан

t

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти МНР.

За време на престојот во Бишкек, Киргистан, предвидени се средби со претседателот Садир Џапаров, министерот за надворешни работи, Женбек Кулубаев и претседателот на Парламентот, Нурланбек Шакиев. Османи во Бишкек покрај средбата со претставници на Програмската канцеларија на ОБСЕ, ќе реализира и средби со граѓанските организации од Киргистан, како и со претставници на ЕУ.

Соработката на теренските мисии на ОБСЕ во земјите од ЦА е од големо значење за ублажување на последиците од воената агресија на Русија врз Украина и намалувањето на безбедносните ризици на Киргистан и на Централна Азија како целина. Исто така, регионот на ЦА е директно изложен на последиците од хуманитарната криза и севкупната ситуација во Авганистан. Рамката за акција на ОБСЕ им помага на земјите-учеснички од регионот како одговор на импликациите на ситуацијата во Авганистан во насока на ублажување на ризиците за стабилноста на ЦА, др наведува во соопштението од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…