Османи ќе ја презентира програмата на Македонија како претседавач со ОБСЕ
На 12 јануари во Виена, министерот за надворешни работи на Република Македонија Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, ќе ја презентира програмата на нашето претседавање.
Во неговото обраќање пред Постојаниот совет на ОБСЕ, министерот Османи ќе зборува за предизвиците со кои се соочува Организацијата, нашата визија и планови како претседавач во 2023 година. Притоа, тој ќе оствари средба и со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разменат мислења за проектираните активности во насока на промоција и операционализација на зацртаната приоритетна агенда.
За време на неговата посета на Виена, министерот Османи ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Австрија, земјата-домаќин на ОБСЕ. Исто така, тој ќе реализира билатерална средба со претседателот на Швајцарската Конфедерација, Алаин Берсет. На средбите ќе се разменат мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, и за улогата на ОБСЕ справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската федерација врз Украина.
Во работниот дел, министерот Османи ќе оствари средби и со раководните структури на независните институции, теренските мисии, останатите извршни тела на ОБСЕ, како и со специјалните претставници на претседавачот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
ОБСЕ најави дека ќе започне со подготовка…
Организацијата за безбедност и соработка во Европа…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…