Основци од Тетово во тоалет лепеле списоци со закани кон соученици

t

СВР Тетово соопшти дека нивни службеници и претставници на соодветни служби извршиле разговор со 11 годишни ученици, откако добиле пријава дека децата оставиле лист хартија во тоалет со напишани имиња на други ученици и напишани закани кон нив. Станува збор за ученици во основно училиште во градот.

„Денеска (10 мај), во присуство на нивните родители, психолог и педагог, извршен е службен разговор со 11-годишна малолетничка и 11-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава во СВР Тетово дека во тоалет во основното училиште каде учат оставиле лист хартија со имиња на ученици и закани кон нив“, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата од тетовската полиција известен е Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…