Останува иста цената на горивата, намалување има само кај мазутот!

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за 2,295%, кај екстра лесното масло за 2,704% и кај мазутот намалувањето е за 2,622%.

Од 19.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,708 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Останува иста цената на горивата, намалување има…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Французите тврдат дека не се пишманиле: Ја…

Париз не го променил ставот за овластување…

Зедничка седница на Влада на Косово и…

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница…

„Се уште се во критична состојба, но…

Дваесет и четиригодишната Ања Радоњиќ од Параќин…

Ранѓеловиќ: Трамп им даде легитимитет на десничарските…

Антиестаблишменскиот сентимент кој го има насекаде во…