Остин откри: Еве кога Украина ќе влезе во НАТО!

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, денеска изјави дека „нема сомнеж“ дека Украина ќе влезе во НАТО по завршувањето на војната со Русија.
„Не се сомневам дека тоа ќе се случи и слушнавме дека речиси сите земји во просторијата го кажуваат истото“, рече Остин во интервју за Си-ен-ен по дводневниот самит на НАТО во Вилнус, каде што доминираше прашањето кога Киев да и пристапи на Алијасната.
Според него, потребно е да се подобрат и други работи, како што се реформите во судството и демократските стандарди.
На прашањето колку Украина е блиску до исполнување на стандардите на НАТО, Остин кусо кажа „уште има работа“.
„Што се однесува до обуката и опремата, има уште работа. Но, ние сега ја работиме оваа работа додека тие ја водат оваа војна и работите се завршени до оваа точка. Треба да се направи уште повеќе за да се обезбеди целосна, комплетна способност“, посочи американскиот министер
Претседателот Бајден претходно во минатонеделно интервју за Си-ен-ен истакна дека Украина не е подготвена да се приклучи на НАТО и дека руската војна во Украина треба да заврши пред Алијансата да размисли за пристапување на оваа нападната земја во воениот сојуз.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден побара продолжување на испораката на оружје…
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…