Објавено на:

Остра изјава на Ердоган: „Нетанјаху не се разликува од Xитлер“

t

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не се разликува од нацистичкиот лидер Адолф Хитлер.

Ердоган говорејќи во Анкара го критикуваше Западот за поддршката на Израел чии напади врз Газа ги спореди со нацистичките врз еврејскиот народ.

Турскиот претседател изрази подготвеност Турција да ги поздрави прогонетите поради нивните ставови за конфликтот во Газа.

Ердоган и во јули 2014 година ја обвини еврејската држава дека „го одржува жив духот на Хитлер“ за време на војната во Газа, потсетуваат израелските медиуми.

Тој исто така смета дека Хамас не е терористичка организација и одржува врски со неа.

На крајот на септември годинава Ердоган и Нетанјаху се сретнаа во Њујорк и тоа беше нивна прва средба на која разговараа за можноста за соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…