Осудени фирмата и сопственикот кои го злоупотребија ликот на д-р Пановски за да продаваат чаеви

t

Познатиот микробиолог и актуелен советник во Советот на Град Скопје, д-р Никола Пановски денеска информираше дека осудени се фирма и нејзин сопственик, кои го злоупотребувале неговото име и слики, за лично да се збогатат со измама на пациентите.

Тој вели дека пресудата за злоупотреба на личните податоци заради промоција на чаевите „Паразол“ и „Хипертеа“ била донесена по една и пол година. Фирмата увозник и дистрибутер „МОНАД ПЛУГ Дооел Скопје“ е казнета со 5.000 евра, а одговорното лице Дејан Јовановски со 2.100 евра, информираше Пановски.

-Правдата е делумнно задоволена. Имено, фирмата и осудениот и понатаму работат, тоа што го заработиле криминално ќе го вратат за недела дена. Демек, немало како да ги судат за измама на граѓаните, да им забранат дејност, немало основ во законите за овој интернет криминал, туку само за злоупотреба на личните податоци. Сега продолжувам во граѓанска постапка да барам оштета од 15.000 евра за злоупотребата и душевната болка што ми ја сторија, наведе д-р Пановски.

Според микробиологот, злоупотребени биле и имињата на професорите Вело Марковски и Маја Мојсова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…

Станала директорка со лажен сертификат за познавање…

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање…

Осудени фирмата и сопственикот кои го злоупотребија…

Познатиот микробиолог и актуелен советник во Советот…

(Видео) Тиктокерот уапсен во Грција е Албанец,…

Флорјан Зани, познат како Хајат e лицето…

Пет лица ќе одговараат за злоупотреба на…

Управата за финансиска полиција до надлежното Јавно…