Осумнаесетта конференција на КОСАП во Охрид
Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија од денеска до 5 јуни ќе биде домаќин на 18. состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, во рамките на македонското претседавање со Конференцијата.
Работниот дел, според најавата, ќе почне во сабота со официјално отворање од претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија Арбер Адеми, кој ќе претседава со конференцијата.
На годинешната КОСАП конференција, која претставува форум за редовна размена на ставовите, кои се однесуваат на Процесот за стабилизација и асоцијација, стратегијата за зачленување во ЕУ на земјите од Процесот, како и на процесот за проширување на ЕУ, најавено било учество на делегациите на земјите од регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција и Косово.
Во рамките на двата панела како теми за дискусија се предвидени: Регионалната соработка на Западен Балкан од економски, политички и европски аспект и ИПА 3 – искуства, перспективи и можности.
„Се очекува делегациите да ги разменат ставовите и мислењата за прашања во врска со евроинтегративните процеси во своите земји, како и за актуелните случувања во Регионот и пошироко“, соопшти собраниската прес-служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…
СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…
Земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML2.4.степени е…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…
Силно невреме со град го погоди Охрид
Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…
Трагедија во Охрид: Извлечено тело од водите…
Безживотно тело попладнево околу 14 часот е…