Објавено на:

Осум дена притвор за Габриел Бајрам: Заедно со син му претепале шанкер во Скопје

t

Осум дена притвор му се изречени на Габриел Бајрам. Тој и неговиот син се гонат за кривично дело насилство.

Судот смета дека сомневањето на Обвинителството дека Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам е основано, па тој ќе биде однесен во истражниот затвор “Скопје” во Шутка.

“Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот.

Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови вопределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот”, посочи Обвинителството.

Габриел Бајрам и претходно се судираше со законот. По него имаше и локална потерница, откако не се појави во полициска станица да даде исказ за копањето криптовалути, во подруми во ГТЦ, каде сметката ја плаќале сите дуќанџии.

Тој пред две години направи и сообраќајка во Скопје, па ги напднал луѓето кои биле сведоци.

Извор: а1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Tyжба од уредникот на Инфомакс за…

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски го тужи…