Осум пожари и неколку помали интервенции во текот на изминатото деноноќие

t

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште еден пожар во реон кај с. Цер, Кичевско. Тој пожар е активен со различен интензитет, повеќе денови, соопштија од ЦУК.


Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, известува континуирано од 17.06.2024 кога во 16:00 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за пожар на отворено, на место викано „Рамнин“, атар на с.Цер (Општина Кичево), каде што почнала да гори нискостеблеста деградирана шума, сува трева и смрека. За настаната состојба веднаш биле известени Општина Кичево, ТППЕ Кичево и Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ во Кичево, ДЗС и МВР.


Во текот на вчерачниот ден (21.06.2024 година), Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не учествувале во гасење на шумскиот пожар, освен што интервенирале 20-тина граѓани од месното население, а е интервенирано од воздух со хеликоптер на МВР, што во 7 до 8 наврати истурил вода на опожарениот простор, при што бил неутрализиран еден крак од пожарот. И покрај ваквите интервенции пожарот не е целосно изгаснат и е се уште активен и постои опасност пожарот да навлезе во букова шума, а во тој случај многу тешко би можел да се контролира.
За денеска е планирано во утрински часови Јавно претпријатие „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ со својата екипа, а и месното население да интервенираат заедно со воздушна поддршка од страна на МВР на гасење на пожарот .
Другите седум пожари на отворено се изгаснати целосно.
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид од 10.00 до 11.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација покрај ул.„Стив Наумов“.
РЦУК Струмица, информира дека ТППЕ Струмица од 14.30 до 16.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска шума и вегетација во с.Раборци, а од 18.10 до 19.00 часот, со 2 ПП возило и 4 пожарникари изгаснале запалена депонија во близина на с.Куклиш. Пожарникарите од ТППЕ Гевгелија од 17.40 до 21.00 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари и Доброволното противпожарно друштво (ДПД) „Дојран“ со 1 возило и 2 пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и нискостеблеста шума кај с.Црничани (Општина Дојран).


Регионалниот ЦУК Велес, информира дека пожарникарите од ТППЕ Кавадарци од 07:30 до 09.00 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари во с.Дреново.
РЦУК Куманово информира дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 13.55 до 14.45 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на месноста „Митев Мост“, а од 22:45 до 00:07 часот, со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во населбата „Банево Трло“.
РЦУК Тетово информира дека пожарникарите од ТППЕ Гостивар дека во изминатото деноноќие две помали интервенции заради запален контејнер и ѓубре во градот Гостивар.
РЦУК Скопје ја пренесува информацијата од БППЗ на Град Скопје во која се наведува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Ново невреме во Тетово: Поплавени дворови и…

Од Кризниот штаб на Општина Тетово во…

12 пожари на отворено се регистрирани во…

12 пожари вкупно на отворено и неколку…

Осум пожари и неколку помали интервенции во…

Осум пожари на отворено и неколку помали…