Објавено на:

“Отворен Балкан” во Охрид: Официјални средби на балканските лидери

t

Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата Отворен Балкан што денеска и утре ќе се одржува во Охрид.

За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.

Според агендата, предивдени се официјални обраќања на самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и заменик поошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На пленарната сесија „Отворен Балкан отворен туризам” предвидени се обраќања на вицепремиерот задолжен за еконоски прашања, координација на економските ресурси и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурџи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ. Свои ставови ќе споделат претставниците на стопанските комори, а можност за дебата ќе имаат и директори на институции, тур-оператори, хотелиери….

На пленарната сесија посветена на Отворена култура на Отворен Балкан ќе се обрати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министерките за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити и вицепремиерката и министер за култура и информации Маја Гојковиќ.

Можност за дискусија ќе имаат претставници на културни институции, директори, културни работници, продуценти…

На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација.

Иницијативата Отворен Балкан предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Во земјите од регионот денеска се активирани…

Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…

Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…

ЕУ донираше 35 милиони евра за Србија…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…

Детална истрага за регионалниот крах на електроенергетскиот…

Комитетот за системско работење на Европската мрежа…

Машала: ЕУ ќе даде 500 милиони евра…

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ…