Откако израсна без татко, а мајка му почина, таа му беше сѐ: Тешката животна приказна на Панчо од ДНК
Панчо од ДНК, кој денеска го напушти овој свет немал лесно детство и целиот живот му бил борба.
Во многу наврати, Панчо имаше зборувано дека растел без татко, а го израснала неговата покојна мајка Каќуша.
„Таа се снаоѓаше да ме изгледа како што знаеше и умееше. Позајмуваше пари од лихвaри, многу работеше, само да ме изведе на вистински пат“, има изјавено Панчо во една прилика.
Во емисијата „Еден на Еден“, тој рече дека бил многу палаво дете, и дека бегал од часови, а неговата сестра Јадранка го прекорувала поради тоа, и еднаш ѝ избегал низ прозор од нивниот дом за да не го кара.
-Можеби само би сакал да бидам помирен за сега веќе мојата покојна мајка да беше поспокојна. Mајка ми иако беше жена-ѕвер, беше само самохрана мајка на едно палаво дете кое беше отсекогаш бунтовник без причина каков што сум и денес.
Сериозно не би менувал ништо, го сакам старото маало и сите луѓе од таму со кои сè уште контактирам ми го заменуваа мојот татко кој никогаш го немав, но затоа имав многу татковци кои ми даваа насоки на оваков или онаков начин.
Report Ad
Имав голема фамилија, иако во реалниот живот се имавме само јас, сестра ми Кики (Јадранка) и мојата Ана која ден-денес ми е исто како сестра. И горд сум на сè што сум поминал тогаш, бидејќи тоа ме изградило во човек каков сум сега. За некого добар, за некого лош, но најбитно е дека јас сум задоволен“; има изјавено Панчо во една прилика за Бети.мк
Мајката на Панчо почина во ноември пред 11 години по долгата борба со ракот. Синот и ќерката ѝ беа најголема поддршка во тие мигови.
Владимир Блажев-Панчо почина денеска во Скопје, по седум месеци поминати во болница, по трагичниот пожар кој се случи на 16 март, во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Откако израсна без татко, а мајка му…
Панчо од ДНК, кој денеска го напушти…
„Чиста нула“ за владата на ВМРО-ДПМНЕ, порача…
„Чиста нула“ е резултатот на работењето на…
Десетици илјади демонстранти во Брисел против мерките…
Повеќе од 80.000 луѓе денес излегоа на…
Французите и натаму ќе одат во пензија…
Францускиот премиер Себастиен Лекорну во вторникот објави…
Османи: Дивоградби во Чаир нема да има…
Во вечерашната Топ Тема се соочуваат кандидатите…