Откриени нерегуларности на изборите во Косово: околу 15.000 гласови „исчезнаа“, започната е истрага поради можни манипулации

t

По пребројувањето на гласовите за парламентарните избори во Косово, утврдено е дека во 316 од вкупно 914 избирачки места, промените изнесуваат речиси 15.000 гласови. Поради ова, целиот изборен процес беше доведен во прашање.

Процесот на пребројување на гласовите, кој продолжува во Центарот за пребројување на резултатите од изборите, покажа дека гласовите од многу кандидати се одземени, и додадени на други од истата партија, јавува новинарката на Н1, Зана Чимили.

Централната изборна комисија на Косово денес одлучи да спроведе целосно пребројување на гласовите на избирачките места во 28 општини.

Одлуката е донесена откако делумното пребројување во 10 општини покажа големи несовпаѓања во гласовите за кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори одржани на 28 декември минатата година.

Станува збор за разлики во гласовите за поединечни кандидати, а не за политички партии.

Најголемите неправилности беа забележани во Призрен, каде што беше утврдено дека повеќе од 10.000 гласови на Демократската партија на Косово им биле припишани на погрешни кандидати во рамките на истата партија за време на броењето.

Ова укажува на можни манипулации.

Најпогодениот кандидат на Демократската партија на Косово, Фетах Пачаризи, чиј број на гласови, по пребројувањето беше намален од 14.606 на 8.596 гласови.

Во меѓувреме Обвинителството на Косово денес започна истрага за можни изборни манипулации, а полицијата доби наредба да ги идентификува одговорните за неправилностите во процесот на броење.

Националниот координатор за избори, обвинителката Љаура Пуља, побара од главните обвинители и сите основни обвинителства да започнат со собирање на потребните информации во сите општини каде што е завршен процесот на пребројување на гласовите, и да обезбедат релевантни докази што потврдуваат извршување на можни кривични дела во врска со изборниот процес.

Манипулацијата со гласовите во Косово е кривично дело, меѓутоа, неодамна невладината организација ĆOHU (ÇOHU!) објави студија која покажа дека повеќе од 90 проценти од случаите на манипулација со изборите завршуваат со условни казни или парични казни.

Ситуацијата со броењето на гласовите дополнително ја комплицира политичката ситуација во која се наоѓа Косово повеќе од една година.

Според проценките на некои набљудувачи, пребројувањето на гласовите и конечното потврдување на резултатите од страна на Централната изборна комисија би можело да потрае до средината или крајот на февруари.

Косово е без целосно функционални институции веќе една година, а без нови институции нема да биде можно да се усвои буџетот за 2026 година.

Сепак, најголемиот проблем е изборот на нов претседател, кој мора да биде избран најдоцна до 4 март од страна на Парламентот на Косово – што во моментов дури и не е на повидок.

Доколку тоа не се случи, Косово автоматски оди на нови вонредни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриени нерегуларности на изборите во Косово: околу…

По пребројувањето на гласовите за парламентарните избори…

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции…

Германските компании се многу повнимателни кога станува…

350 илјади евра скриени во ѕид! Не…

Најдените 350 илјади евра недекларирани, скриени во…

Цената на златото урива рекорди – анализата…

Цената на златото во 2025 година порасна…

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Претседателот на Бугарија Румен Радев денес објави…