Откриено оружје и експлозивни направи на северот на Косовo

Во една од трите згради, каде што е во тек акција на косовската полиција, пронајдено е оружје и експлозивни направи, изјави денеска заменик-директорот на полицијата за регионот Митровица – Север Ветон Ељшани, кој додаде дека полицијата спроведува акција на вкупно четири локации на северот на Косово, вклучувајќи го и северниот дел на Косовска Митровица.
Ељшани претходно за Танјуг изјави дека членовите на на косовската полиција спроведуваат полициска акција во северниот дел на Косовска Митровица во врска со настаните во Бањска на 24 септември и дека во тек е претрес на станбена зграда во близина на главниот мост.
Засега нема апсења, изјави Елишани за Танјуг.
Припадниците на полицијата носат шлемови, некои имаат панцирни елеци и фантомки, присутни се полицајци во цивилна облека, како и едно возило на ЕУЛЕКС, а на локацијата се и припадници на КФОР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје…
Поради близината на фронтот во Украина, но…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…