Отстранет дефектот на магистралниот вод на булевар Кочо Рацин, се нормализира греењето во Центар

Испораката на топлинска енергија во општина Центар е нормализирана откако денеска ЕСМ Дистрибуција ги заврши сите предвидени и, како што велат, исклучително сложени активности за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А, што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. Оттаму информираат дека нивните екипи работеле на отстранување на дефектот и во текот на ноќта.
По завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар – сопштија од ЕСМ.
Проблемот настана поради дефект кој предизвика зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа.
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија. Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо воспоставување на редовно снабдување со топлина до потрошувачите, информираа од ЕСМ.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, стои во соопштението од ЕСМ Дистрибуција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од Центар утре ќе биде без…
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле…
Денеска во СВР Скопје, 54-годишната Љ.П. пријавила…
Дојави за експлозивни направи во три училишта…
Општина Центар информира дека утринава во ООУ…
Отстранет дефектот на магистралниот вод на булевар…
Испораката на топлинска енергија во општина Центар…
Делови од Скопје сѐ уште се без…
Иако вчера од ЕСМ Снабдување со топлина…