Објавено на:

Официјален Загреб внимателно ќе ги следи случувањата со истрагата за Денис Тот

t

Скандалозната реакција на МВР во првично објавените информации за смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот во Скопје загрижи дел македонската јавност кој е убедена дека МВР на Оливер Спасовски се обидела да скрие убиство но предизвикува бес и лутина во Загреб.

Претставници на хрватските власти кој инсистираат на анонимност очекуваат итна реакција и разврска од официјално Скопје за убиството на хрватскиот државјанин.

Хрватска очекува не само да се најдат и да се казнат убијците на младиот ракометар туку и се санкционираат и тие што се обиделе да го скријат убиството.

Во спротивно Хрватска може да ги употреби механизмите на ЕУ од поглавјето кое се однесува на ,,Правда и внатрешни работи” а во најлошото сценарио да и се придружи на Бугарија во ветото за почеток на македонските преговори со унијата.

На загриженоста на Загреб од каде се признава дека ветото за ЕУ е сепак само во доменот на теоријата и предходеа низа контрадикторни информации за убиството на Тот.

Најпрво беше објавено дека тој бил претепан пред дискотека и однесен во болница по што директорката на КАРИЛ даде изјава дека немало знаци на насилство.

Потоа МВР излезе со официјално соопштение дека немало никаков инцидент пред дискотеката.

По извршената обдукција, Јавното обвинителство соопшти дека истрагата покажала дека ракометарот умрел со пресечен јазик и хематом на главата.

Откако предходно МВР објави дека нема насилство во второто соопштение тврди нешто сосема поинакво:

„Тројца напаѓачи му нанеле удари по главата на Денис Тот од кои тој паднал со главата наназад на асфалтот и загубил свест. На 8 април околу 3,30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л. (19) и А.К. (22) сите од Скопје при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест“.

За официјален Загреб овие контрадикторни информации се доволни да биде загрижена и за своите граѓани во Македонија но и за почитување на процедурите од страна на владата која сака да влезе во ЕУ.

Како ќе се однесуваат сега официјален Загреб и пријателска Хрватска и дали ќе го спроведат најлошото сценарио со можноста за вето во ЕУ сега зависи пред се од МВР и властите во Скопје кои мора да ги санкционираат и убијците но и тие што се обидоа да скријат убиство па макар да е тоа е министерот Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага против тројца браќа за убиство од…

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за…

Петровска ги предизвика ВМРО-ДПМНЕ и МВР: Отворете…

Добро утро послушници од ДПМНЕ. Еве веќе…

Маж се поли со бензин и се…

Маж се поли со бензин и се…

Лоциран е авионот кој се урна во…

Пожарникарите го пронајдоа авионот што денеска се…

Се урна авион во близина на Загреб

Авион се урнал во саботата попладне во…