Официјално: Алиев победи на претседателските избори во Азербејџан
Актуелниот претседател на Азербејџан Илхам Алиев победи на вонредните избори за шеф на државата, со 92,12 отсто од гласовите, објави Централната изборна комисија на Азербејџан.
Како што се наведува во соопштението, за Алиев гласале повеќе од 4.567.000 гласачи.
Изборите за претседател на Азербејџан се одржаа на 7 февруари.
Алиев за првпат беше избран за шеф на државата на 15 октомври 2003 година, кога за него гласаа повеќе од 76 отсто од гласачите. По втор пат е избран во 2008 година.
Право да се кандидира по трет пат го доби по референдумот во 2009 година, кога повеќе од 87 отсто од граѓаните се изјаснија за промена на уставната норма, според која беа дозволени само два претседателски мандати од пет години.
На изборите во 2013 година по трет пат беше избран за шеф на државата, а потоа врз основа на нов уставен амандман му беше продолжен мандатот на седум години.
На изборите одржани во 2018 година за Алиев гласале 86,2 отсто од гласачите.
На 7 декември минатата година Алиев потпиша указ за вонредни избори за шеф на државата, на кои повторно се кандидираше во име на владејачката партија „Ани Азербејџан“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Официјално: Алиев победи на претседателските избори во…
Актуелниот претседател на Азербејџан Илхам Алиев победи…
Со 93.9% од гласовите Алиев е реизбран…
Илхам Алиев беше реизбран за претседател на…
Азербејџан уапси новинари финансирани од УСАИД
Баку тврди дека „AbzasMedia“ вршел нелегални финансиски…
Брнабиќ: Азербејџан останува на ставот дека не…
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска се…
Лавров утре во посета на Техеран, Иран
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров утре…