Потврдена информацијата на Инфомакс: Ново големо зголемување на цените од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека цените на сите нафтени деривати на светските берзи во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај сите нафтени деривати и тоа : кај бензинот за 8,971 %, кај дизелот за 16,811%,  кај екстра лесното масло за 14,445%  и кај мазутот зголемување за 9,336%. Во исто време, курсот на доларот во однос на денарот е зголемен за 1,078%. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 % во однос на Одлуката од 7.3.2022 година.

“Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33% на сите трговците со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литардодека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.

 Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.

Од 10.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95-  93,00  (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 98- 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 94,00  (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  90,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    59,165  (денари/килограм)

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пад на цените на нафтата на…

Цените на нафтата паднаа под 76 долари…

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…

Во последната деценија и половина, пазарот на…

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…

Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…