Официјално: ДУИ се согласува да оди во опозиција ако ВМРО-ДПМНЕ ги гласа уставните измени!

t

ДУИ официјално одлучи да се повлече од Владата доколку тоа е влогот за гласање на уставните измени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршувањето на состанокот на партиските органи вечерва рече дека доколку македонската опозиција бара по секоја цена ДУИ да не биде дел од власта во замена за уставни измени, тие се подготвени да направат чекор назад со преминување во опозиција, но под услов прво се гласа за уставните амандмани.

Османи истакна дека ДУИ за 20 години победила на 13 последователни изборни циклуси, но овојпат е подготвена да донесе каква било одлука што ќе овозможи уставните измени да го отворат патот на земјата кон Европската унија.

„Прво историскиот момент пред кој се наоѓа државата како можност за брзо членство во ЕУ пред сè создадена со геополитичката случувања со војната во Украина. Големата свесноста на ЕУ за Западен Балкан и брзата трака која се појавува како шанса. Повикувајќи се на консензуалната потреба на луѓето без разлика на припадност за подобар животен стандард, за можност за задржување на луѓето овде, за брза трака за членство во ЕУ наредните години, Централното претседателство ја реафирмираше консензуално и одлучно првичната одлука којашто ја претставивме веднаш после средбата на претседателите на политичките партии дека ДУИ е спремна на истиот ден кога ќе стапат на сила уставните измени да ја напушти Владата, доколку е тоа предуслов опозицијата да ги поддржи уставните измени“, истакна Бујар Османи.

Во моментов нема поголем приоритет од членството на Македонија во ЕУ, никаков партиски интерес не е над тоа, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Реџепи: ДУИ нема да дозволи дестабилизација на…

Во политичка дебата во „Само вистина“, Бајрам…

ДУИ: Мицкоски го изгуби моралниот компас, подготвени…

Без срам власта е подготвена да ги…

Албанците се недоволно застапени во клучни институции,…

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…